Италијанскиот репрезентативец Марко Верати предизвика вистински земојтрес на Апенините и откри во кои клубови во Серија А би можел да игра во иднина.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
24-годишниот Италијанец никогаш нема играно во Серија А бидејќи од втората италијанска лига се пресели во ПСЖ, каде се етаблираше во еден од најдобрите плејмејкери во светот.
Денес за него се интересираат најголемите европски клубови, а неговата цена според медиумите достигнала до неверојатни 100 милиони евра.
„Да се вратам во Серија А? Серија А е одлично првенство, исто како Шпанија и Англија. Нормално е дека сакам еден ден да се вратам во Италија“, изјави Верати.
„Јас вредам 100 милиони? Не ме интересираат никави цифри. Меѓутоа во моментов во Италија има два тима кои можат да инвестираат толкава сума, Интер и Јувентус. Минатото лето Јувентус инвестираше приближна сума на пари за да го купи Игуаин. Па ако еден ден решам да го напуштам Париз, без проблем би се преселил во Серија А”, заклучи Верати.