Бившиот фудбалер на Интер, Антонио Касано упати силни критики до сопругата на Мауро Икарди, Ванда Нара.
Двајцата беа гости во спортската ТВ емисија „Тики-Така“, каде Касано без влакна на јазикот во лице и кажа се што мисли на Ванда, па настана вербална расправија меѓу двајцата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Човекот кој ја направи целата оваа збрка е таја. Ванда е причината за проблемите на Икарди. Премногу зборуваш. Се замислуваш дека си тренер. Премногу ги користиш социјалните мрежи. Штом Интер му ја зел капитенската лента на Икарди, значи има причина. Сигурно директорите на Интер не се луди“, истакна Касано.
Cassano attacca Wanda: 'Parli troppo, usi troppo i social. Discutiamo di Icardi da 4 mesi, ma il disastro è colpa tua!' https://t.co/rmvj7uhpMu pic.twitter.com/O0tA99IRh4
— calciomercato.com (@cmdotcom) March 4, 2019
„Икарди немаше болки во коленото додека ја носеше капитенската трака, а сега му се појавија болки. И јас правев такви работи кога имав 20 години. Ако не се врати во игра, Икарди си заминува. Вистината е дека веќе четири месеци зборуваме за него, а причината за тоа е Ванда Нара. Спалети и мене ме направи капитен кога имав 20 години во Рома. Бев втор капитен после Тоти, но потоа ми ја одзеде траката и ми кажа дека не сум пример за останатите. Беше во право. Штом го направил истото и со Икарди, значи има причина“, додаде Касано.
Ванда беше во студиото додека Касано го изнесуваше своето мислење, па дојде до вербална расправија помеѓу двајцата.
E arrivò il giorno in cui qualcuno disse a #WandaNara ciò che pensano tutti ma nessuno le aveva mai detto in faccia. Antonio #Cassano n.1!pic.twitter.com/p0wKJncrSa
— La maglia nerazzurra (@lamaglianerazzu) March 4, 2019