Дома Фудбал Клоп го пронајде виновникот за вчерашниот неуспех – ветерот!

Клоп го пронајде виновникот за вчерашниот неуспех – ветерот!

Фудбалерите на Ливерпул вчера одиграа против Евертон 0:0.

Ливерпул продолжи со слабите игри, повторно прикажаа безидејна игра во нападот и повторно не успеа да постигне барем еден погодок.

Ова беше трет натпревар од последните четири во кој тимот од Енфилд одигра 0:0. Кризата во Ливерпул го доведе Ливерпул да ја загуби лидерската позиција на табелата и сега Сити има еден бод предност.

Тренерот на тимот беше незадоволен од играта на својата екипа, а после натпреварот изјави дека било невозможно да се игра поради ветерот.

„Знам дека на луѓето нема да им се допадне тоа што ќе го кажам, но ветерот денеска дуваше од сите страни. Беше навистина невозможно да играш било каков фудбал на тој терен.“ – изјави Клоп.

Ливерпул во наредното коло ќе го пречека Барнли, а тимот на Јирген Клоп по секоја цена мора да го добие тој натпревар доколку сака да ги задржи шансите за титулата.

Во овој момент Манчестер Сити е лидер на табелата со еден бод повеќе од тимот на Ливерпул кој е на втората позиција со 70 освоени бодови. Зад Ливерпул следува Тотенхем (61), па Манчестер Јунајтед (58).

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Даглас Луиз блесна кога му беше најпотребно на Јувентус!

Со асистенција за Мекени и својот прв гол за клубот, Даглас Луиз го предводеше Јувентус до…