Дома Фудбал Италија Алегри: Јас сум виновен, требаше Пјаниќ да го извадам од игра

Алегри: Јас сум виновен, требаше Пјаниќ да го извадам од игра

alegri

Тренерот на Јувентус Макс Алекри можеше да биде задоволен после синоќешниот натпревар против Наполи.

Старата дама славеше на Сан Паоло со 2:1, иако Наполи притискаше до самиот финиш да дојде барем до бод.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во центарот на вниманието на овој натпревар беше Миралем Пјаниќ, кој прво постигна фантастичен погодок од слободен удар во првото полувреме, а на почетокот од второто доби втор жолт картон, односно црвен.

Тренерот Алегри вели дека Пјаниќ требаше да го извади од игра откако го доби првиот жолт картон.

„Јас сум малку виновен, затоа што требаше Пјаниќ да го извадам од игра откако го доби првиот жолт картон. Беше изложен на ризик, но не очекував дека ќе игра со рака.“ – изјави Алегри и додаде:

„Немавме добра организација. Наполи беше многу храбар, а публиката ги носеше напред. Имавме шанси да постигнеме уште некој погодок, но во финишот добро се браневме. Исто така, имавме среќа кога Инсиње промаши пенал.“

Инаку, Старата дама сега ја очекува натпревар против Атлетико Мадрид во рамките на осмина финалето во ЛШ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Модриќ ја покажа класата на тренингот пред натпреварот против Баерн 🎥

Баерн Минхен и Реал Мадрид вечерва од 21:00 часот ќе го играат првиот натпревар од осминаф…