Дома Фудбал Останато ФОТО: Бекам доби статуа пред стадионот на ЛА Галакси

ФОТО: Бекам доби статуа пред стадионот на ЛА Галакси

Како и што се најавуваше, пред синоќешниот натпревар помеѓу Лос Анџелес Галакси и Чикаго Фајр на специјална церемонија беше откриена статуата на Дејвид Бекам.

Бекам за Галакси настапуваше од 2007 година, таму остана шест години и освои две титули во МЛС-лигата во 2011 и 2012 година.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Англичанецот стана прв фудбалер во историјата на МЛС-лигата, кој добил статуа, а таа е претставена во комплексот каде што се наоѓа стадионот на Галакси.

Бекам кариерата ја почна во Манчестер Јунајтед каде доживеа фудбалска афирмација и чиј дрес го носеше од 1992 до 2003 година, кога се пресели во Реал Мадрид. Потоа играше за Галакси, а кратко беше на позајмица во Милан и во ПСЖ. За репрезентацијата на Англија одигра 115 натпревари и постигна 17 голови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Аморим: Јас сум вистинскиот човек за Манчестер Јунајтед🎥

Рубен Аморим денес ја имаше првата пресконференција како тренер на Манчестер Јунајтед. Амо…