Дома Фудбал Англија Солскјер најави заминување на капитенот!

Солскјер најави заминување на капитенот!

Норвешкиот тренер и шеф на стручниот штаб на Јунајтед, Оле Гунар Солскјер на денешната прес конференција најави дека Антонио Валенсија ќе го напушти клубот на крајот од сезоната.

Еквадорецот има важечки договор со клубот до ова лето, а со оглед дека има големи проблеми со повредите и одигра само шест натпревар оваа сезона, јасно е дека дојде време за простување.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Иако Антонио веќе неколку години е капитен на овој клуб, за него веројатно после оваа сезона нема да има место во Јунајтед. Тоа го потврди и Солскјер.

„Антонио се уште не е 100% спремен. Се уште работи напорно за да се врати на теренот. Имаше фантастична кариера овде во Јунајтед и Англија.“

„Тој е еден од победниците во ПЛ, но не сум сигурен дали ќе биде овде и наредната сезона. Тоа зависи од тоа дали наредните месеци ќе се врати на теренот. Тој е капитен и би сакал да го видам на теренот до крајот на сезона.“ – изјави Солскјер на прес конференцијата.

Инаку, Валенсија во Јунајтед стигна летото 2009. година, а пред тоа помеѓу останатите играше уште за Виган и Виљареал.

Валенсија така како слободен играч на лето ќе има шанса да избере нов клуб, а како можни следни дестинации се споменуваат Њукасл и Фулам, кои и во јануари покажаа интерес за капитенот на Црвените ѓаволи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Модриќ го известил Реал дека сака да остане во клубот

Лука Модриќ еден од најзаслужните фудбалери на Реал Мадрид за петте титули во Лигата на ша…