Плејмејкерот на Реал Мадрид, Тони Крос изјави дека ќе игра уште неколку години на високо ниво и не преферира преселба во САД или Кина.
Германскиот репрезентативец е еден од најдобрите фудбалери во светот на својата позиција и неодамна потпиша нов договор со Реал Мадрид до 2022 година.
Време е за Boxing Day! И време е за Wildcard на Fantasy Premier league! ↓↓↓
„Имам прилично добри односи со Зинедин Зидан. Тој умее да ги пренесува јасно идеите на играчите. Тој не е од оние кои те мотивира 20 минути, едноставно нема потреба од такво нешто. Неговата личност е синоним за успех“, истакна Крос.
Запрашан дали би направил трансфер во Кина или САД, плејмејкерот рече:
„Сакам да играм уште неколку години на високо ниво. Дестинации како Кина и САД не се за мене“, јасен беше Германецот, кој на крајот проговори и за Карло Анчелоти.
„Тој е тренер кој зборува многу со играчите. Создава многу добра атмосфера и кога си замина бевме многу тажни“, откри Крос.