Дома Фудбал Останато ВИДЕО: Сеск Фабрегас „измисли“ нов пас – случајно или намерно?

ВИДЕО: Сеск Фабрегас „измисли“ нов пас – случајно или намерно?

Враќањето на Леонардо Жардим на клупата на Монако се покажа како добра работа за клубот од Кнежеството.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Монако под водство на Тиери Анри играше катастрофално, но од кога Жардим се врати во клубот Монако веќе четири натпревари е без пораз, а во тој период има три победи.

Во претходното коло Монако го победи Лион во дербито, а стрелци на погодоците беа Желсон Мартинс и Рони Лопес.

После овој натпревар на социјалните мрежи се појави едно видео во кое во главна улога е Шпанецот кој во јануарскиот преоден рок му се приклучи на Монако, Сеск Фабрегас. Шпанскиот ветеран сосема случајно „измисли“ нова техника.

Никој освен самиот тој не може да каже дали Фабрегас имаше намера да направи такво нешто или се работи за доза на среќа, но без разлика како и да го направи успеа да го збуни противникот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Официјално: Атлетико поднесе жалба против Барселона поради Хулиан Алварес

Раководството на Атлетико Мадрид поднесе официјална жалба до ФИФА и Кралската шпанска фудб…