Дома Фудбал Иско го пропушта „Ел Класико“, отпаднаа и уште двајца

Иско го пропушта „Ел Класико“, отпаднаа и уште двајца

Иско нема да игра вечерва во реваншот од „Ел Класико“ во полуфиналето од шпанскиот куп.

Тренерот на Реал Мадрид го објави списокот на играч на кои ќе смета за дуелот со Барселона, а Иско е изоставен заедно со Хесус Ваљехо и Мариано Диаз.

Аргентинскиот стратег наведе 19 имиња и така ќе мора да „отпише“ уште еден за конечната листа од 18 играчи.

Иско поради болки во грбот ги пропушти последните четири натпревари во дресот на „кралевите“. Меѓутоа постои и уште еден проблем, а тоа дека Солари не го гледа во тимот на Реал.

Во првиот натпревар на „Камп Ноу“ беше 1:1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Почетино задоволен од напредокот на репрезентацијата на САД

Маурисио Почетино е воодушевен од хемијата што се развива во репрезентацијата на САД пред …