Кошаркарите на Денвер Наџентс изминатата ноќ на свој паркет ја совладаа Оклахома со 121:112.
Денвер така ја продолжи својата добра серија и ја оствари петтата победа во низа. Почетокот на натпреварот донесе добра игра и од едната и од другата страна, па на крајот на првата четвртина Денвер имаше минимална предност од 29:26.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Втората четвртина многу подобро ја одигра Денвер кој стигна до поголема предност и на одмор се замина со 64:51. Во продолжение Денвер ја одржуваше предноста и не дозволуваше Оклахома да се приближи и на крајот славеше победа со 121:112.
Денвер до победата беше предводен од неверојатниот Никола Јокиќ со 36 поени, девет скокови и 10 асистенции, а го следеа Вил Бартон со 23 и Џамал Мареј со 20.
https://www.youtube.com/watch?v=KlWIxl-sp5A
Кај Оклахома Пол Џорџ постигна 25 поени, додека Расел Вестбрук додаде 22 поени.
Њујорк Никси стигнаа до победа против Орландо со 108:103. Емануел Мудиај со 19 поени беше најдобар кај Њујорк, додека Арон Горон и Никола Вучевиќ беа најдобри кај Орландо со 26 поени.
Торонто запиша лесна победа против Бостон со 118:95. Паскал Сиакам со 25 и Каваи Леонард со 21 го предводеа Торонто до победа, додека кај Бостон, Маркус Морис се издвојуваше со 17 поени.