Дома Топ вести Верати откри каде ќе игра следната сезона!

Верати откри каде ќе игра следната сезона!

Плејмејкерот на ПСЖ и италијански репрезентативец Марко Верати е еден од најбараните фудбалери на трансфер пазарот.

Медиумите постојано пишуваат дека за него се интересираат најголемите европски гиганти, а ситуацијата додатно ја „разговоре“ неговиот агент кој го советуваше да го напушти ПСЖ.

И додека медиумите секојдневно го селат во некој нов клуб, Верати самиот откри каде ќе игра следната сезона.

„Добро ми е во ПСЖ. Имаме одличен проект и следната година ќе играм во Париз”, изјави Верати.

Дали ова беше искрен одговор или само тактика пред медиумите, останува да видиме.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Сабицер го спаси Дортмунд во 90+3: Вердер падна по луда драма!

Дортмунд испушти 2:0, но Сабицер со слободен удар во 90+3. минута донесе победа од 3:2 над…