Дома Фудбал Англија Аризабалага за ова одби да излезеш од игра?! (ВИДЕО)

Аризабалага за ова одби да излезеш од игра?! (ВИДЕО)

Манчестер Сити го одбрани трофејот во Лига Купот победувајќи го Челзи на пенали.

Меѓутоа она што за што најмногу ќе се зборува после овој натпревар е непослушноста на Кепа Аризабалага кој одби да излезе од игра во финишот на второто продолжение.

Сари имаше намера за пенал рулетот на голот да го испрати Вили Кабаљеро кој е познат како специјалист за пенали, меѓутоа Кепа остана цврсто на својот став и не го напушти голот.

Секако самиот потег на Кепа сам по себе е неверојатен и сигурно ќе внесе немири во соблекувалната, но во пенал рулетот Баскиецот прими и гол кој ќе биде дополнителен аргентумент на Сари.

Серхио Агуеро не го изведе баш најдобро ударот од белата точка, но таа помина низ рацете на Баскиецот и заврши зад неговиот грб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Руни не сака одземените титули на Сити, но сака да ги испратат во најниска лига

Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед Вејн Руни изјави дека неговиот поранешен клуб н…