Денес својот натпревар во рамките о 25-тото коло во шпанската Примера го одиграа Севиља и Барселона.
Натпреварите помеѓу овие две екипи често пати нудат многу возбудувања, па така беше и денес во натпреварот во кој пет погодоци.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Од самиот старт Севиља и Барселона започнаа офанзивно. Уште во првите неколку минути видовме шанси и пред двата гола.
Првиот гол на натпреварот го видовме во 22-та минута кога после една контра, Хесус Навас кој не погодува така често го совлада Тер Штеген кој брани во одлична форма во послендо време. За изедначување не се чекаше долго.
Само четири минути подоцна на сцена стапи Лионел Меси со едно вистинско ремек-дело и гол кој сигурно ќе се врти во најавните ТВ шпици. Поранешниот фудбалер на Севиља, Иван Ракитиќ испрати едно нафрлување, а Меси со маестрален волеј удар ја смести топката во мрежата на домаќините.
Севиља продолжи да игра добро и после примениот погодок, па таквата игра им се исплатеше во финишот од првиот дел кога Меркадо погодува за 2:1 и предност на домаќинот после првите 45 минути.
Во второто полувреме одново гледавме убав фудбал, но за разлика од првиот дел видовме само два погодоци и двата во мрежата на Севиља. Тој е ден гол беше дело на Меси кој денес беше убедливо најрасположен за игра кај Барселона. Осман Дембеле додаде до Меси во шеснаесетникот, а Аргентинецот со уште еден убав погодок погоди за 2:2.
На пет минути пред крајот на полувремето Меси како шлаг на тортата на одличниот настап постигнува гол за хет-трик и водство од 3:2. Конечните 4:2 го постави Луис Суарез во последните моменти од натпреварот.