Дома Актуелно Кантона: Солскјер го научи Погба дека головите се поважни од фризурата (ВИДЕО)

Кантона: Солскјер го научи Погба дека головите се поважни од фризурата (ВИДЕО)

Пол Погба игра фантастично од доаѓањето на Оле Гунар Солскјер на клупата на Манчестер Јунајтед.

Французинот е еден од фудбалерите на Манчестер Јунајтед на кои најмногу им годеше заминувањето на Жозе Мурињо.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Денес пофалби за французинот имаше легендарниот стопер на Манчестер Јунајте, Немања Видиќ.

„Дури и во времето додека јас играв за Манчестер, сакате да имаете некој лидер кој може да превземе одговорност во секое време. Таквите играчи не треба многу да зборуваат, треба да бидат пример за останатите. Пол Погба е фантастичен фудбалер, поседува огромен талент, покажа колку е добар, меѓутоа доколку почне да трча и да го прави она што најдобро го знае ми изгледа дека може да ги нападне сите индивидуални признанија. Погба може да стане најдобар играч во светот, да ја освои Златната топка“, изјави Видиќ.

Освен Видиќ, пофалби имаше и уште една легенда на Манчестер Јунајтед, Ерик Кантона.

Откако Солскјер дојде Погба не ја смени фризурата. Веруваме дека Оле го натерал Погба да сфати дека настапите на теренот се поважни од неговиот имиџ. Пред се вие морате да биде добри на теренот, потоа во слободно време можете да правите што сакате. Ако не сте со главата на теренот, затоа што мислите на фризурата тогаш тоа не е добро. Доколку пак менува фризури како што сега постигнува голови, тогаш никој нема да му замери“, објасни Кантона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Кошаркарите на Денвер ги изненадија навивачите – се загреваа во папучи: Еве и зошто

Екипата на Денвер изминатата вечер беше поразена од Лејкерс кој така успеа да намали со 3:…