Живееме во време кога т.н социјални мрежи: Инстаграм, Твитер, Фејсбук…Имаат големо значење за секој клуб.
Социјалните мрежи денес можеби се и најдобриот показател за популарноста на еден клуб. Меѓутоа ваквиот начин на промоција се уште не е во целост прифатен од страна на нашите клубови или ако подобро сакате не е доволно разработен.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Сте се запрашале ли некогаш кој македонски клуб е најпопуларен на социјалните мрежи?
Во Македонија Твитер профилите на фудбалските клубови скоро и да не се користат, па поради тоа во предвид ќе ги земеме Фејсбук и Инстаграм.
Бранителот и лидер на табелата Шкендија на Фејсбук го води Вардар за околу 8.000 повеќе следбеници (107.871), додека тетовскиот клуб на Инстаграм го следат околу 26.400 илјади фанови.
Вардар на својата Фејсбук страна има скоро 100.000 следбеници (99.575), додека на Инстаграм црвени-црните ги следат 7.437.
Зад Шкендија и Вардар следуваат:
АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – Фејбсбук (5.757), Инстаграм (1.746)
РАБОТНИЧКИ – Фејсбук (13.383), Инстаграм (1970)
ШКУПИ – Фејсбук (23.618), Инстаграм (4.187)
РЕНОВА – Фејсбук (7.191) Инстаграм (Нема)
МАКЕДОНИЈА Ѓ.П – Фејсбук (2.580) Инстаграм (Нема)
СИЛЕКС – Фејсбук (2.447) Инстаграм (241)
ПОБЕДА – Фејсбук (3.7.19) Инстаграм (803)
БЕЛАСИЦА – Фејсбук (5.458) Инстаграм (1271)
Кога сме кај работата и промовирањето на социјалните мрежи не можеме да не го споменеме клубот кој иако не е прволигаш во овој сегмент е еден од најдобрите во Македонија.
Секако станува збор за ФК. Осогво.
Оние што следат македонски фудбал сигруно се добро запознаени со работата на овој клуб на социјалните мрежи. Без разлика што не се помеѓу најдобрите клубови во Македонија максимално се трудат да бидат блиски до фановите.
Oсогово на својата Фејсбук страна има 6.431 следбеници, а на нивниот Инстаграм профило околу 10.400 што секако се добри бројки за клуб од тој ранг.