Дома Фудбал Лига на шампиони Вакво нешто досега не сме виделе: Што правеше Гризман додека се интонираше химната!? (ВИДЕО)

Вакво нешто досега не сме виделе: Што правеше Гризман додека се интонираше химната!? (ВИДЕО)

Во вчерашниот прв натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите Атлетико Мадрид на „Ванда Метрополитано“ го победи Јувентус со 2:0 и така стекна солидна предност пред реваншот во Торино.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Натпреварот во Торино изобилуваше со возбудувања посебно во финишот кога Атлетико ги постигна двата погодоци. Пред водечкиот гол на Хименез на „јорганџиите“ ВАР им поништи и погодок на Алваро Мората поради прекршок во напад.

Меѓутоа кога Хименез погоди следуваше интересна ситуација и на клупата на Атлетико каде што Диего Симеоне направи неспортски гест за кој после натпреварот објаснуваше дека не бил навреда кон противникот, туку порака до неговите навивачи (тука).

„Го направив тоа и како играч во натпреварот помеѓу Лацио и Болоња и го направив повторно за да им покажам на нашите навивачи дека имаме му*а. Не беше насочено кон противничкиот тим, туку кон нашите навивачи“, изјави Симеоне.

Подоцна Диего Годин се погрижи Атлетико да обезбеди 2:0 пред реваншот.

https://www.youtube.com/watch?v=IwKSR-UvEDk

Меѓутоа една чудна ситуација и ситуација каква што барем ние досега не сме виделе се случи пред самиот почеток на натпреварот додека се интонираше химната на Лигата на шампионите.

Додека сите играчи стоеа мирно како и што е вообичаеноизгледаше како да не сака да ја слуша химната и многу веројатно на овој начин сакаше да искаже бојкот кон УЕФА.

Некое објаснување засега нема, но се очекува УЕФА да започне истрага и доколку претпоставките за бојкот се потврдат Гризман би можел да биде и казнет.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Јувентус и Челзи во битка за унгарскиот талент

Јувентус и Челзи покажуваат сериозен интерес кон унгарскиот тинејџер Бендеги Ковач, но нег…