Атлетико Мадри во финишот од вчерашниот натпревар во Лигата на шампионите успеа да стигне до заслужена победа против Јувентус на „Ванда Метрополитано“.
Мадртискиот тим славеше со 2:0 во првиот натпревар од осминафиналето и во Торино ќе патуваат со солидна предност.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Тренерот на Атлетико Диего Симеоне жестоко ги славеше погодоците на својот ,а посебно тоа важи за оној на Хименез за водство о 1:0.
Се фати Симеоне за меѓуножјето и така го прослави голот. Секако неговата прослава брзо го обиколи светот. Иначе, Мората пред голот на Хименез ја погоди мрежата на „старата дама“, но тој погодок беше поништен после прегледувањето на ВАР.
После натпреварот Симеоне даде коментар на таквиот потег.
„Го направив тоа и како играч во натпреварот помеѓу Лацио и Болоња и го направив повторно за да им покажам на нашите навивачи дека имаме му*а. Не беше насочено кон противничкиот тим, туку кон нашите навивачи. Признавам не изгледаше убаво, но во тој момент почуствував потреба да направам такво нешто…Толку се боревме. Диего Коста се бораеше, а не беше целосно спремен. Морав да покажам како се чуствувам…Можам само да се извинам ако навредив некого, но го направив тоа од срце“, објасни Симеоне.
Con estos juegan nuestros jugadores, con estos somos grandes, con estos no nos gana nadie.
Grande @Simeone
Grande @Atleti
Grande #aficion
ENORMES LOS COJONES DE NUESTRO EQUIPO Y ENTRENADOR!!! pic.twitter.com/i52rCjqbus— Tercios Rojiblancos (@TerciosRojiblan) February 20, 2019
Кога е натпреварот во прашање Симеоне го имаше следниот коментар.
„Одигравме одличен натпревар…Ни се вратија важни играчи како Коке и Коста и бевме во можност да одиграме паметно против голем противник кој во своите редови има силни играчи. Моравме да извлечеме максимум од секоја ситуација. Ова е добар резултат“, изјави Симеоне.
https://www.youtube.com/watch?v=IwKSR-UvEDk