Дома Фудбал Лига на шампиони Алегри не се предава: Имаме самодоверба и верба дека можеме да го спасиме овој двомеч

Алегри не се предава: Имаме самодоверба и верба дека можеме да го спасиме овој двомеч

Тренерот на Јувентус, Макс Алегри не сакаше да се правда после синоќешниот пораз од Атлетико Мадрид, туку беше полн со самодоверба дека неговиот тим се уште има шанси за пласман понатаму.

Да потсетиме, Атлетико синоќа го победи Јувентус со 2:0 во првиот натпревар од осмина финалето во ЛШ и пред Старата дама ќе има тешка задача за пласман понатаму.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Алегри после натпреварот помеѓу останатото зборуваше за играта на Атлетико, реваншот, Роналдо…

„Нема да плачеме. Атлетико вака игра веќе осум години, секогаш ве тера да играте лошо, го разбива ритамот и ја успорува играта. Во еден момент се брани, веќе во следниот е пред вашиот гол. Повеќе се фокусиравме на протокот на топката. Против нив мора да бидеш стрплив и да чекаш прилика, тие се различна екипа од сите останати.“ – изјави тренерот на Старата дама.

За реваншот го кажа следното:

„Имаме можност да го спасиме овој двомеч, имаме самодоверба и имаме време да се вратиме. Во Торино мора да играме побрзо и попрецизно. Мора да го заборавиме овој пораз и да се подготвиме за Серија А и реваншот.“

Даде неколку пофални зборови и за Кристијано Роналдо.

„Роналдо играше добро. Тој е навикнат на вакви натпревари и апсолутно не разочара.“

Да потсетиме, Роналдо во досегашниот дел од кариерата прикажа фантастични партии против Атлетико, но синоќа сепак не успеа да постигне погодок иако имаше неколку добри прилики.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Ни Конте, ни Лопетеги: Милан го избра новиот тренер

Милан е во потрага по нов тренер откако стана јасно дека на крајот на сезоната ќе се разде…