Дома Топ вести Барселона и ПСЖ ја сакаат ѕвездата на Лил

Барселона и ПСЖ ја сакаат ѕвездата на Лил

Двата европски гиганти Пари Сент Жермен и Барселона имаат иста трансферна цел и на лето ќе се борат за потписот на 23-годишниот напаѓач на Лил, Никола Пепе, пренесува „Франс Фудбал“.

Репрезентативецот на Брегот на слоновата коста е вистинска сензација во Лига 1 оваа сезона и до сега има постигнато 17 гола и 11 асистенции на 28 меча. Во моментов Лил е на второто место на табелата во Франција, а најголеми заслуги за тоа има секако Никола Пепе.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Пепе веќе го привлече вниманието на многу европски гигнати и лично беше следен од Жозе Мурињо кој сакаше да го донесе во Манчестер Јунајтед, а интерес за напаѓачот во зимскиот преоден рок покажа и Арсенал.

„Франс Фудбал“ пренесува дека главна битка за неговиот потпис на лето ќе водат Барселона и Пари Сент Жермен.

Каталонците се во потрага по млад напаѓач кој ќе може да биде наследник на Луис Саурез и во Пепе гледаат идеална опција, бидејќи може да игра подеднакво добро како крилен и како централен напаѓач.

ПСЖ пак бара наследник на Кавани и не сака да пропушти шанса да ја донесе ѕвездата од француската лига во своите редови.

Лил за неговата слобода бара најмалку 50 милиони евра, но се очекува неговата цена се уште да расете. Па останува да видиме кој ќе успее да се избори за потписот на Пепе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…