Пол Погба игра во навистина фантастична форма во последните два месеци.
Заминувањето на Жозе Мурињо посебно влијаеше на Погба, а од натпревар во натпревар францускиот фудбалер покажува зошто го сметаат за еден од најдобрите играчи за врска во светот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Дека атмосферата во соблекувалната на „црвените ѓаволи“ е навистина на високо ниво покажува видеото од соблекувалната после победата над Челзи во ФА Купот (0:2).
Главни ѕвезди во видеото се Пол Погба и Ерик Бејли. Дефанзивецот на Јунајтед се обиде да му ја одземе топката на францускиот фудбалер, но овој мајсторски му ја протна топката низ нозете.
После потегот кој го изведе Погба против Бејли настана смеа во соблекувалната, а сето тоа го следеа и останатите фудбалери на Манчестер Јунајтед кои ги поздравија дриблингот на Французинот.
Секако играчот за врска на Манчестер Јунајтед не ја пропушти приликата и го праша соиграчот дали е добро, а потоа започна гласно да се смее.
На Бејли не му беше сеедно. Му кажа на Погба дека не е во ред, но секако станува збор за шега и јасно е дкеа нема никакви лоши реакции.
Пред Јунајтед е голем предизвик. На „Олд Трафорд“ пристигнува големиот ривал Ливерпул и тоа ќе биде судир на гигантите кои се наоѓаат во одлична форма.
Ливерпул се бори за титулата, додека од друга страна Манчестер Јунајтед после одличната серија под водство на Солскјер се врати во игра за четвртата позиција која обезбедува место во Лигата на шампионите.