Вистинска сапуница се случува во овој период на релација Икарди – Интер.
Се започна кога пред натпреварот против Рапид Виена раководството на Интер одлучи да му ја одземе капитенската лента на Аргентинецот и да му ја додели на голманот Самир Хандановиќ. Ваквиот потег на Интер беше реакција на одолговлекувањето на Икарди со потпишувањето на новиот договор.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Разбириливо Икарди и неговата сопруга која му е и агент, Ванда не ја прифатија најдобро ваквата одлука, па се одлучија напаѓачот да го одбие повикот за натпреварот против Рапид Виена во Лигата на Европа.
Стравовите на „нероаѕурите“ се зголемија кога беше соопштено дека Икарди нема да биде во составот и за натпреварот против Сампдорија во Серија А. Од Интер во јавноста објаснија дека се работи за ситна повреда. Во тоа објаснување поради се што се случуваше никој не веруваше.
Денес клубот од Милано повторно се огласи соопштение по повод ситуацијата на нивниот поранешен капитен. Во соопштението од Интер се наведува дека Икарди утрово направил лекарски прегледи во клиниката во Милано на кој било утврдено дека нема промени и поголема повреда на коленото.
Risonanza magnetica per @MauroIcardi presso l’Istituto Clinico Humanitas di Rozzano ? https://t.co/YglXNbKKCa #FCIM pic.twitter.com/3gcKDn5QgO
— Inter (@Inter) February 20, 2019
После ваквите извештаи италијанските медиуми пренесуваат дека Икарди би требало да се најде во составот на Интер за утрешниот реванш против Рапид во Лигата на Европа.