Дома Фудбал Револуционерна промена во Шпанија: За трофејот ќе се одлучува со фајнл-фор!

Револуционерна промена во Шпанија: За трофејот ќе се одлучува со фајнл-фор!

Шпанската фудбалска федерација се одлучи за револуционерна промена кога е во прашање шпанскиот Супер Куп и таа ќе стапи на сила веќе од следната сезона.

Во скоро секое првенство новата сезона се отвара со еден или два меча во Супер Купот меѓу двете најдобри екипи од минатата сезона, односно меѓу оној кој триумфирал во шампионатот и оној во Купот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Меѓутоа, Шпанците од следната година ќе направат вистинска фудбалска журка кога е во прашање Супер Купот.

Имено, првиот човек на Шпанската федерацијата, Луис Рубиалјес потврди дека Супер Купот да биде турнир во кој ќе учествуваат четири екипи и кој ќе се игра надвор од Шпанија.

„Следниот Суперкуп ќе се игра во форматот фајнал фор и ќе се одржи во странство“, изјави Рубиалјес.

Во завршниот турнир на Супер Купот би учествувале двете најдобри тимови од првенството и двата финалисти на Копа Дел Реј при што севкупно би се одиграле три натпревари, две полуфиналиња и едно финале.

Рубиалјес на чело на Федерацијата дојде во март минатата година и веднаш го измени форматот на Супер Купот, па минатата година се одигра само еден натпревар и тоа на неутрален терен, наместо дотогашните два меча во кои секој од учесниците по еднаш беше домаќин.

Минатата година Барселона во Мароко ја победи Севиља со 2:1 и го освои трофејот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Клоп и Салах после расправијата: Ќе има пожар

На денешниот меч помеѓу Вест Хем и Ливерпул дојде до голема расправија помеѓу Јирген Клоп …