Манчестер Јунајтед се уште не се откажува од ангажирање на Маурисио Покетино на тренерското место за следната сезона.
Црвените ѓаволи се спремни на Тотенхем да му платат оштета од околу 34 милиони евра.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во Манчестер Јунајтед се уште не се сигурни дали да го остават Солскјер за свој тренер, кој досега одлично ја води екипата, или на негово место да го донесат Покетино.
Како што пренесува Evening Standard, втората опција е многу пореална, а во Јунајтед се спремни да платат околу 34 милиони евра, за да го донесат Покетино на Олд Трафорд.
Тој го предводеше Тотенхем во три сезони по ред во топ три екипи во ПЛ, а се чини дека од следната сезона ќе има нови предизвици.