Дома Фудбал Англија Гундоган: Отсекогаш се восхитував на Гвардиола, неговиот фудбал ме фасцинира

Гундоган: Отсекогаш се восхитував на Гвардиола, неговиот фудбал ме фасцинира

gundogan

Германскиот фудбалер и член на Манчестер Сити, Илкај Гундоган ја искористи приликада во разговор за странските медиуми да го пофали својот тренер Пеп Гвардиола.

Гундоган оваа сезона игра фантастичен фудбал, а еден од најзаслужните за тоа е секако Пеп Гвардиола, кој според зборовите на Гундоган, секогаш има решенија.Германскиот фудбалер порача дека би сакал Гвардиола секогаш да му биде тренер.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Отсекогаш му се восхитував на Гвардиола, уште додека беше во Барселона. Неговиот фудбал ме фасцинира. Отсекогаш сакав тој да ми биде тренер, неговиот тим едноставно има извор на решенија. Сега можам да учам од него, тоа го сметам како привилегија.“ – изјави Гундоган.

Германецот исто така ја прокоментира и својата игра.

„Тешко е да се каже дека оваа сезона е најдобрата во кариерата. И во Дортмунд имав добри периоди. Во меѓувреме научив да го слушам своето тело. Спавам подолго, по седум саати и се хранам многу. Ова е навистина високо темпо, честите натпревари одземаат многу енергија.“

Инаку, тој во текот на оваа сезона одигра вкупно 32 натпревари и запиша пет погодоци и седум асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…