Хамиду Диало од Оклахома е победник на натпреварот во забивање, кој се одржа синоќа во склоп на „Ол-стар“ викендот.
Диало ја крена салата на нозе откако го прескокна Шекил О’Нил, па откако го заби баскетот во обрачот неколку секунди висеше со лакотот заглавен во кошот. Згора на се додека беше во воздухот го покажа под дресот знакот на Супермен.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во конкуренција беа уште Мајлс Бриџес од Шарлот, Денис Смит од Њујорк, како и Џон Колинс од Атланта.
Диало сепак го имаше забивањето на вечерта, откако го прескокна Шекил О`Нил и заби со пола рака во кошот, за што тој доби и максимална оценка од 50 поени.
Дваесет-годишниот Тејтум ја освои титулата со успешен удар од центарот на теренот.
Во натпреварот за најдобар „тројкаш“, изненадувачки победник стана Џо Харис од Бруклин, а ѕвездата Стеф Кари не успеа да се наметне над ривалите.
Вечерва во 02:00 часот по полноќ, ќе се одигра главниот настан – Натпреварот на ѕвездите, во кој екипите на Леброн Џејмс и Јанис Адетокумбо ќе излезат едни против други.