Шансите се поголеми – Дончиќ може да игра на Ол-Стар!
Лука Дончиќ би можел да заигра на „Ол-Стар“ натпреварот, натпреварот на сите ѕвезди во НБА лигата кој се игра овој викенд.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Со нетрпение се чека одлуката бидејќи многумина сметаат дека Дончиќ е првиот играч „под линијата“, а повредата на Ентони Дејвис би можела да го одведе во Шарлот.
Дејвис заработил повреда на рамото во натпреварот против Оклахома, а наскоро ќе дознаеме дали ќе игра во Шарлот.
Во Њу Орлеанс сметаат дека тоа не е премногу паметно, а сето тоа оди во прилог на Дончиќ. Покрај, Дончиќ се споменува името на Донован Мичел, меѓутоа Лука е прв фаворит.
Да потсетиме како Дончиќ остана без место на „Ол-Стар“
Џејмс и Адетокумбо добија најмногу гласови во гласањето кое беше во три дела. Навивачите со своите гласови даваат 50 проценти од гласовите, а се сметаат и по 25 проценти гласови од медиумите во САД и од играчите во НБА-лигата. Во еден ваков систем на гласање, најмногу загуби дебитантот Лука Дончиќ.
Тинејџерот од Словенија има фантастича прва сезона во НБА-лигата, а тоа знаат да го ценат навивачите. Дончиќ доби повеќе од четири милиони гласови и беше на второ место, веднаш зад Џејмс. Сепак, во изборот на медиумите и играчите во НБА, Лука беше „заборавен“.
Сепак, сега оваа неправда би можела да биде поправена.