Дома Топ вести Соиграчот откри: Матијас де Лихт донесе одлука!

Соиграчот откри: Матијас де Лихт донесе одлука!

Еден од најдобрите млади играчи и член на Ајакс, Матијас де Лихт (19), наводно го избрал новиот клуб.

Барем така тврди неговиот соиграч Андре Онана, голманот на Ајакс, кој истакна дека 19-годишниот дефанзивец одлучил да потпише за Барселона.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Де Лихт наводно одлучил да тргне по стапките на соиграчот Френки де Јонг кој одлучи да потпише за Барселона, па и тој летоска ќе го стори истото.

„Де Лихт исто така сака во Барселона. Разговарав со него за тоа неколку пати, исто како и со Де Јонг.“ – изјави Онана.

Ако оваа информација се покаже како вистинита, Барса ќе заврши одлична работа, бидејќи ги добиваат двата најдобри холандски таленти.

За услугите на 21-годишниот Де Јонг, Барса ќе исплати 75 милиони евра, а слична сума би требало да биде исплатена и за Де Лихт.

Неодамна Де Лихт даде изјава во која порача дека за неговата иднина ќе одлучи по крајот на сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

„Бомба“: Еден од најголемите ривали на Ѓоковиќ стана негов тренер!

Новак Ѓоковиќ го потврди својот нов тренер и тој е големо изненадување. Имено во подготовк…