Вчера големото дерби во грчкиот куп помеѓу Панатинаикос и Олимпијакос не го дочека крајот бидејќи гостите при резултат 40:25 го напуштија паркетот и така службено го загубија овој натпревар.
Тимот на Олимпијакос на таква постапка се одлучи поради незадоволството од судењето на натпреварот.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Во таа прилика првиот човек на Панатинаикос Јанакопулос остави и црвена танга на клупата на гостите и порача дека ваквиот потег на противникот според него бил однапред испланиран поради финансиските проблеми кои ги имале во своите редови.
После натпреварот на социјалните мрежи се огласи и тренерот на Панатинаикос Рик Питино кој на кормилото на овој клуб седна пред неколку месеци.
-Па, 42 години сум тренер и мислев дека се имам видено. Водиме 15 разлика на полувреме. Го мотивирам тимот да излезе со голем интензитет во првите пет минути. Бевме „запалени“, но Олимпијакос не излезе. Крај на играта. Се гледаме во неделното финалето на Крит“, стои во објавата на американскиот тренер.
Дел од случувањата на овој натпревар можете да погледнете тука.