Дома Фудбал Италија Во Интер нешто се случува: Што значат лајковите на Брозовиќ на објавите за Икарди? (ФОТО)

Во Интер нешто се случува: Што значат лајковите на Брозовиќ на објавите за Икарди? (ФОТО)

Денес главна тема во фудбалскиот свет освен вечерашните натпревари во Лигата на шампионите е и одземањето на капитенската лента и исфрлувањето на Мауро Икарди од тимот за натпреварот против Рапид Виена во Лигата на Европа.

Интер му ја одзема капитенската лента на Икарди и истата ја додели на голманот Самир Хандановиќ.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


После проширувањето на оваа вест големо внимание привлекоа лајковите на Марсело Брозовиќ на социјалните мрежи.

Брозовиќ не една, „лајкна“ дури четири објави за одземањето на капитенската лента на Аргентинецот.

Иначе, според последните информации причина за одземањето на капитенската лента на Икарди се постапките на неговата сопруга и агент, Ванда Нара.

Неколку пати во јавноста Ванда одлучи да зборува за новиот договор со Интер го правеше тоа во една италијанска тв емисија, изјави за новинарите, па и објави на друштвените мрежи.

Последното нејзинот огласување на тема „договорот на Икарди“ беше пред неколку дена кога порача дека никогаш не кажале дека ќе потпишат договор со Интер и дека работата не е завршена.

Токму ваквото однесување на Ванда било причина за Икарди денес да го има најлошиот ден од кога е во Милано.

Имено, новиот спортски директор на Интер, Џузепе Марота разговарал со Икарди и јасно му ставил до знаење дека неговата девојка и агент не смее да зборува за случувањата во клубот каде што ќе стигне.

Очигледно Ванда не успеа да си ја држи устата затворена, па освен тоа што наведовме го обвини Интер дека не го штити доволно Икарди.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Готово: Лампард се договорил со новиот клуб!

Поранешниот фудбалер и денес тренер, Френк Лампард наскоро би требало да биде промовиран н…