Дома Фудбал Англија Сколс: Баш ми е гајле што ќе зборува Мурињо

Сколс: Баш ми е гајле што ќе зборува Мурињо

scholes

Легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед вчера беше промовиран како нов тренер на англискиот четвртолигаш Олдам.

Сколс вчера го имаше и дебито како менаџер кое му беше успешно завршено со оглед на тоа дека неговиот тим славеше победа од 4:1 против Јеовил.


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Додека Мурињо го водеше Манчестер Јунајтед, Сколс често пати даваше коментари во јавноста за работаењето на Португалецот и е свесен дека поради тоа Мурињо ќе ја следи неговата тренерска кариера.

Кометнари од Мурињо сигурно ќе има затоа што Португалецот ќе води своја емисија на руската телевизија „Русија Денес“ каде што ќе зборува за актуелните случувања во фудбалот.

„Верувам дека моите резултати ќе бидат следени од страна на Мурињо. Можеби дури и ќе ги гледа натпреварите кога ќе има време. Без разлика на се јас навистина сакав да станам тренер“, изјави Сколс.

Меѓутоа поранешниот фудбалер и англиски репрезентативец порача дека коментарите од Мурињо нема да влијаат на неговото работење.

„Кога Мурињо го водеше Манчестер Јунајтед бев прилично критички настроен кон него. Во првите натпревари сигурно мојата работа тука нема да биде коментирана, меѓутоа ако почнеме да губиме сигурно тоа ќе се случи, секогаш има такви луѓе. Меѓутоа сите можат да кажат што сакаат. Додека бев играч, а и денес се уште не можам да сфатам зошто играчите и тренерите се грижат за она што другите го зборуваат. Мене ме интересира само што кажуваат луѓето во клубот. Баш ми е гајле што ќе зборува Мурињо. Всушност сега тоа и му е работа“, порача Сколс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ибра за роденден се почести со Ферари📷

Златан Ибрахимовиќ денеска го прославува својот 43-ти роденден и реши сам себе да си подар…