Дома Останати Кошарка НБА Во САД убедени: Кевин Дурант преминува во најбогатата НБА франшиза!

Во САД убедени: Кевин Дурант преминува во најбогатата НБА франшиза!

Низ медиумите во САД не престануваат шпекулациите за иднината на една од најголемите ѕвезди во лигата Кевин Дурант.

Во САД очекуваат заминување на Дурант од шампионскиот тим на Голден Стејт, а сега се појавија силни гласини од голем број медиуми дека кариерата би можел да ја продолжи во тимот на Њујорк Никси.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Причина за силните гласини кои се појавија дека Дурант ќе ја засили најбогата франшиза во НБА лигата е тоа што тој беше вклучен во промоцијата на карти за наредната сезона.
Самиот кошаркар на оваа тема беше запрашан пре неколку дена кога не сакаше ништо да открие и порача дека во овој момент не размислува на таа тема.

Уште една добра причина поради која може да се верува дека Дурант може да го напушти Голден Стејт е Клеј Томпсон. Имено, доколку Томпсон остане член на Вориорсите и наредната сезона тогаш клубот на Дурант не би можел да му даде максимален договор.

Покрај ова долго време се пишува за желбата на Дурант да биде единствен лидер во друг НБА тим.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Тренерот на Денвер збесна – ќе се степаше со судијата! 🎥

Tимот на Денвер претрпе два домашни порази во полуфиналето на Западот против Минесота, а п…