Дома Фудбал Откриена причината за лошите игри на Иско, не е само незадоволството во Реал

Откриена причината за лошите игри на Иско, не е само незадоволството во Реал

Фудбалерот на Реал Мадрид, Иско оваа сезона игра под своето ниво во клубот од Сантијаго Бернабеу.

Од доаѓањето на Солари на клупата на Реал, Иско падна во втор план и игра само по 20-тина минути на натпревар.

Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


Незадоволни се и навивачите на Реал, а се чини дека сакаат што поскоро да го напушти клубот. Сепак, најверојатно слабите игри на Иско не се само причина поради лошиот однос со тренерот туку и според најновите информации Шпанецот има болки во грбот и вратот.

Токму поради тие причини не играше во дербито против Атлетико, а веројатно ќе ги пропушти и натпреварите во ЛШ против Ајакс.

Се уште не е познато колку долго ќе биде одсутен од терените поради проблеми со повредата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ПСЖ го понижи Интер и дојде до првиот трофеј во ЛШ

ПСЖ на доминантен начин стигна до првата титула во Лигата на шампиони, откако со 5:0 го по…