Дома Топ вести Реал и Јувентус спремаат спектакуларна трампа

Реал и Јувентус спремаат спектакуларна трампа

Италијанските медиуми пренесуваат дека Реал Мадрид е силно заинтересиран за Дибала и дека испратил понуда која ја ставило на искушение „старата дама“.

Дибала оваа сезона е во сенка на Кристиано Роналдо, а во последно време е во лоши односи и со тренерот Алегри, па се почесто се шпекулира со негово заминување од Јувентус.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Бјанконерите“ се спремни да се разделат со Аргентинецот доколку пристигне понуда повисока до 100 милиони евра, а тренерот Алегри како негова замена го сака Иско.

Токму таквата ситуација сака да ја искористи Реал Мадрид, со оглед на фактот дека Иско е на излезна врата од „Сантиаго Бернабеу“.

„Калочомеркато“ пренесува дека „кралевите“ испратиле понуда од 60 милиони евра плус Иско за потписот на Пауло Дибала, па „бјанконерите“ сериозно размислуваат да ја прифатат.

Реал и Јувентус имаат одлична соработка, па нема да биде изенандување доколку во целиот договор биде вклучен и Марсело, кој не крие дека сака повторно да игра заедно со Роналдо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Престон Лајонс убедливо го совлада Вардар во Скопје (Видео)

Фудбалскиот клуб Вардар денеска одигра пријателски натпревар во Скопје против австралискио…