Дома Фудбал Останато Сопственикот на Кардиф се понуди да помогне на семејството на Сала

Сопственикот на Кардиф се понуди да помогне на семејството на Сала

Последното простување од Емилијано Сала би требало да се случи наредната недела во Аргентина.

Аргентинскиот напаѓач го изгуби животот во авионот кој се сруши додека беше на пат од Нант кон Кардиф само неколку дена откако го комплетираше трансферот во премиерлигашот вреден 17 милиони евра.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Телото на Аргентинскиот напаѓач беше пронајдено пред неколку дена во остатоците од авионот на морското дно, а после идентификацијата се потврди дека станува збор за Сала.

На оваа тема сега зборуваше сопственикот на Кардиф, Винстент Тан. Тан изјави дека е погоден од се што се случило и понуди помош на семејството на Сала.

„Нека Емилијано почива во мир. Многу сум тажен поради оваа трагедија. Ова момче ќе беше навистина успешно и среќно во Кардиф. Ќе продолжиме да истражуваме зошто дошло до падот на авионот и тука сме да помогнеме на неговото семејство. Се понудив да ги платам трошоците за превозот на неговото тело во Аргентина. Тој секогаш ќе биде со нас, а неговата душа во нашите срца“, порача Тан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Неверојатна ситуација: Купиле играч со завидна кариера, но пристигнал – неговиот брат близнак!?

Хрватскиот тренер Жељко Копиќ во декември пристигна во Динамо од Букурешт за да го задржи …