На крајот од следниот месец конечно започнува новата сезона во Формула 1, а екипите на големо се спремаат за новите предизвици.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Во новата сезона се очекуваат неколку нови промени што се однесува на правилата, но и самите учесници. Припремите се полн ек, а екипите на големо ги тестираат своите нови болиди. Нормално, главна цел е да бидат што подобри во однос на претходната сезона, и некој конечно да го симне Мерцедес од тронот.
Официјалните претставувања на болидите се уште не започнала, но некои тимови одлучија да ги отворат картите, и да ги покажат своите болиди. Најмногу воодушеви болидот на екипата на Хас, чиј болид ги остави без текст многу љубители на Формула 1.
Американскиот тим објави фотографии од болидот кој ќе го возат во новата сезона. На болидот доминира црната боја, а златната боја му дава посебен “шмек“.