Дома Топ вести Реал спреми понуда за Дибала која Јуве нема да може да ја одбие

Реал спреми понуда за Дибала која Јуве нема да може да ја одбие

Италијанските медиуми пренесуваат дека Реал Мадрид е силно заинтересиран за Дибала и дека испратил понуда која ја ставило на искушение „старата дама“.

Дибала оваа сезона е во сенка на Кристиано Роналдо, а во последно време е во лоши односи и со тренерот Алегри, па се почесто се шпекулира со негово заминување од Јувентус.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


„Бјанконерите“ се спремни да се разделат со Аргентинецот доколку пристигне понуда повисока до 100 милиони евра, а тренерот Алегри како негова замена го сака Иско.

Токму таквата ситуација сака да ја искористи Реал Мадрид, со оглед на фактот дека Иско е на излезна врата од „Сантиаго Бернабеу“.

„Калочомеркато“ пренесува дека „кралевите“ испратиле понуда од 60 милиони евра плус Иско за потписот на Пауло Дибала, па „бјанконерите“ сериозно размислуваат да ја прифатат.

Реал и Јувентус имаат одлична соработка, па нема да биде изенандување доколку на лето овие два клуба договорат нови трансфери.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…