Дома Фудбал Англија Покетино тврди: Со Зидан и Бекам случајно се најдовме во ресторан!

Покетино тврди: Со Зидан и Бекам случајно се најдовме во ресторан!

Менаџерот на Тотенхем, Маурисио Покетино тврди дека средбата помеѓу него Зинедин Зидан и Дејвид Бекам во еден лондонски ресторан била случајна.

Вчера таблоидот „Сан“ објави фотографии на кои се гледата Покетино, Бекам и Зидан како излегуваат од споредниот влез на еден ресторан во Лондон. (ОВДЕ).

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


„Бев на вечера со мојот асистент Хесус Перес и уште еден човек. Случајно се сретнавме со Зидан и Бекам и тоа е целата вистина. Само се поздравивме, бидејќи случајно се видовме таму, но потоа се појавија шпекулации кои не можеш да ги запреш“, објасни Покетино.

„Тоа е реалноста. Завршивме скоро во исто време. Зидан дојде да се поздрави, зборувавме две минути и потоа се разделивме“, тврди стратегот на Тотенхем.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Македонија вечерва против Велс во обид да избори бараж за СП

Македонската фудбалска репрезентација вечерва во Кардиф го игра решавачкиот натпревар прот…