Ливерпул е силно заинтересиран за крилниот фудбалер на Интер, Иван Перишиќ и веќе спремил понуда од 35 милиони евра за Хрватот, пренесуваат англиските медиуми.
Јирген Клоп одлично ги познава квалитетите на Перишиќ бидејќи двајцата соработуваа во Борусија, притиа во последно време Хрватот игра одлично во Серија А.
Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓
Според медиумите „црвените“ подготвуваат понуда од 35 милиони евра, што е двојно повеќе од сумата која Интер ја плати за да го донесе во Милано.
Сепак, Интер тешко ќе се откаже од услугите на Перишиќ, бидејќи тој е еден од клучните фудбалери на тимот, а амбициите на клубот за следната сезона се големи.