Дома Фудбал Англија Де Геа го „истера“ своето: Потпишува договор вреден 100 милиони фунти!

Де Геа го „истера“ своето: Потпишува договор вреден 100 милиони фунти!

После долгите преговори Давид Де Геа го добил тоа што го барал од Манчестер Јунајтед.

Де Геа е еден од најдобрите светски голмани во овој момент и нема сомневање дека е од големо значење за Јунајтед кој под водство на Солскјер изгледа како друг тим за разлика од кога Мурињо беше во клубот.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Шпанскиот чувар на мрежата водеше долги преговори со раководството на клубот, а најголем проблем беа резултатите (под водство на Мурињо). Имено, Де Геа не беше сигурен дека клубот може да му гарантира освојување на торфеи, меѓутоа со Солскјер се е поинаку.

Клубот или играчот не потврдиле, но кога скоро во сите англиски медиуми се тврди дека договорот е постигнат веројатно и е така, па се чека само официјалната потврда.

Според условите во новиот договор Де Геа за пет години (колку што ќе има важност) ќе си заработи 100.000 милиони фунти, 20 милиони по сезона, односно 400.000 фунти неделно.

Со ваквиот договор тој ќе стане убедливо најплатениот голман во светот и еден од најплатените играчи во Премиер лигата.

Неодамна договорите со Манчестер Јунајтед ги продолжија Ентони Марсијал, Крис Смолинг и Фил Џонс кој својот потпис го стави денес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…