Дома Фудбал Де Јонг: Сакам да станам легенда и да ја завршам кариерата во Барселона!

Де Јонг: Сакам да станам легенда и да ја завршам кариерата во Барселона!

Новото засилување на Барселона, Френки де Јонг иако се уште не го облекол дресот на Каталонците пред себе си постави навистина високи цели.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Иако има само 21 година, играчот од средниот ред на Ајакс призна дека го сакале Пари Сент Жермен и Манчестер Сити, но неговата желба отсекогаш била да игра за Каталонците.

„ПСЖ беше добра опција, но Барселона отсекогаш беше мојот сон. Среќен сум од петгодишниот договор и ако мојот престој е успешен, постои шанса никогаш да не заминам, како Меси“, изјави Де Јонг.

„Во јули ќе го потпишам договорот во Барселона и ќе бидам презентиран на навивачите и медиумите. Ја разгледуваме можноста за играње со името Френки на грбот. „Најк“ го сака тоа од маркетинг гледна точка, но не сум сигурен дали ми се допаѓа“, додаде Холанѓанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бразилец се онесвести кога дозна дека оди на Светско првенство (Видео)

Неверојатни сцени доаѓаат од Бразил кои на најдобар начин покажуваат колку е значајна фудб…