Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос синоќа го одигра своето 41. Ел Класико во кариерата.
Рамос немаше многу среќа во овој натпревар бидејќи не ја процени добро топката при постигнувањето на погодокот на Барса.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Како и да е, неговиот Реал не доживеа пораз, па Рамос на крајот може да биде и задоволен.
На капитенот на Кралевите сега му недостигаат уште три настапи за да стане играчот со најмногу одиграни Ел Класико во кариерата. Тој рекорд моментално до држи поранешниот дефанзивец на Реал, Мануел Санчиз кој одигра 43 Ел Класико. Освен него, пред Рамос се уште Генто и Чави со 42 настапи.
Рамос ќе има прилика да го престигне Санчиз веќе за месец дена, бидејќи во тој период на распоредот има уште две Ел Класика.
Од активните играчи зад Рамос е Меси кој има 40 настапи, кој е најефикасен играч со 26 постигнати голови.