Дома Трансфер зона Ги одбива Манчестер и Челзи поради Баерн!

Ги одбива Манчестер и Челзи поради Баерн!

Екипата на Монако е апсолутен хит во Европа оваа сезона, а за играчите на овој тим се интересираат готово сите европски гиганти.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Една од најголемите ѕвезди на тимот од „кнежевството“ секако е Бернардо Силва. 22-годишниот плејмејкер игра клучна улога во тимот кој е лидер во Франција и за него силен интерес покажуваат Челзи и Манчестер Јунајтед.

Сепак, доколку им се верува на француските медиуми овој фудбалер веќе започнал преговори со Баерн Минхен и следното лето би можел да се пресели на „Алијанц Арена“.

Баерн е решен да го донесе Бернардо Силва бидејќи најверојатно ќе се раздели со Даглас Коста, а и Арјен Роберн е веќе во поодминати години.

Наводно Монако за потписот на својата ѕвезда бара 80 милиони евра, а Баерн ќе се обиде да ја намали таа сума и првично ќе испрати понуда од 60 милиони евра.

Медиумите тврдат дека Португалецот веќе го одбрал Баерн Минхен и ќе ги одбие сите понуди од други клубови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…