Белгискиот играч Еден Азар е главна тема за трансфер шпекулациите на Островот во последно време.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Потсетуваме, Азар има актуелен договор со Челзи кој истекува на лето 2020. година, па „Сините“ од Лондон ќе мораат да го продадат ова лето доколку не сака да го продолжи договорот.
Добро е познато дека Азар сакаше да се пресели во Реал Мадрид по Мундијалот во Русија, но на крајот до трансфер не дојде. Во моментов никој не знае што е во неговата глава и какви му се плановите за иднината, а тој во разговор за француското радио „RMC“ откри дека ја донел одлуката.
„Знам што ќе направам. Донесов одлука“, кратко прокоментира Азар.
Потсетуваме, тој и оваа сезона убедливо е најдобриот играч на Челзи, бидејќи одигра 31 натпревари и постигна 15 гола со 10 асистенции.