Дома Трансфер зона Крај на 12-годишната љубов: Хамшик потпиша за Далиан!

Крај на 12-годишната љубов: Хамшик потпиша за Далиан!

Капитенот на Наполи кариерата ќе ја продолжи во Кина и веќе стави потпис на 3-годишен договор со Далиан Јафинг.

Хамшик после цели 12 години ќе го напушти Наполи бидејќи не можеше да ја одбие богатата понуда од Кина.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Словакот во Далиан ќе заработува 9 милиони евра по сезона, а Наполи за неговиот потпис ќе добие 20 милиони евра.

„Хамшик покажа беспрекорен професионализам во Наполи, имајќи извонреден однос со сите тренери со кои работеше, никогаш не предаде никого, дури и во најтешките моменти. Покажа зрелост и скромност во сите овие години, па кога дојде и најискрено замоли да му биде дозволено да замине во Кина, не можев да го одбијам“, изјави претседателот на Наполи, Де Лаурентис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…