Утре Реал Мадрид и Барселона ќе го играат првиот полуфинален натпревар од шпанскиот куп.
Сите во Реал и навивачите посебно го исчекуваат поради тоа што ова ќе биде првото „Ел Класико“ за бразилскиот супер талент, Винисус Жуниор кој прикажува одлични настапи во Примера и се почесто е дел од првиот тим на „кралевите“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Со изјавата пред овој натпревар Винисус покажа огромна доза на самодоверба.
„Не се плашам од никого и нема зошто. Играм во Реал Мадрид, а тоа е најдобриот клуб во светот. За да ја победиме Барселона ќе треба да бидеме на највисоко ниво. Не знам дали ќе играм, тоа не можам да ви го кажам, тренерот е тој кој одлучува“, изјави Бразилецот.
Натпреварот помеѓу Барселона и Реал Мадрид се игра утре од 21:00 часот.