Дома Фудбал Во Шпанија убедени: Иско со вчерашниот потег самиот се „отпиша“ (ВИДЕО)

Во Шпанија убедени: Иско со вчерашниот потег самиот се „отпиша“ (ВИДЕО)

Заминувањето на Иско од Реал Мадрид е се поизвесно, посебно после вчерашниот натпревар против Алавес.

Имено, Шпанецот ги доби последните три минути од тој натпревар, учествуваше во голот за поставувањето на конечниот резултатот, а потоа се поздрави со неколку играчи и тргна кон соблекувалната.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


При излегувањето од теренот, техничкиот делегат на Реал, Мигел Порлан му пружил рака, но овој само поминал покрај него. Така Шпанецот предизвикал голем револт кај луѓето во клубот бидејќи Порлан е човек кој целата своја кариера ја помина во Реал Мадрид.

Изгледа на луѓето во Реал Мадрид им е доста од однесувањето на Иско, а шпанските медиуми пишуваат дека тој ќе биде продаден без разлика кој ќе седи на клупата на Реал наредната сезона.

Најголем интерес за Иско досега покажаа Манчестер Сити и Јувентус, но се споменува и ПСЖ, иако Иско јавно истакна дека не сака да игра во Франција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Анчелоти прв разбра каков товар го чека Модриќ, го замоли Перез и доби ладен одговор: “Не!”

Карло Анчелоти се соочува со потенцијално отпуштање од клупата на Реал Мадрид и неговото з…