Дома Фудбал Не е само погодокот, го забележавте ли чудесниот прием на Пјонтек против Рома? (ВИДЕО)

Не е само погодокот, го забележавте ли чудесниот прием на Пјонтек против Рома? (ВИДЕО)

Во дербито на 22-то коло од италијанското фудбалско првенство Рома и Милан вчера одиграа 1:1.

Милан до предност стигна во 26-тата минута со погодокот на новото засилување Криштоф Пјонтек за кого ова веќе беше трет погодок во два настапи за Милан. Два гола постигна во куп натпреварот против Наполи.

Освен со погодокот полскиот голгетер воодушеви и со завидна техника. Камерите забележаа еден чудесен приме на топка кога буквално ја залепи топката за копачката.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Емирати“ веќе не плаши: Арсенал без домашна победа, а притисокот расте

Фудбалерките на Арсенал се шести и 12 бода зад врвот, а по четири домашни меча сè уште чек…