Дома Фудбал Останато Јавноста се прашува: Зошто за авионот на Сала се молчеше цели 15 часа?!

Јавноста се прашува: Зошто за авионот на Сала се молчеше цели 15 часа?!

Лука Дончиќ е вистинска сензација во НБА лигата каде што е еден од најдобрите играчи.

Вчера беше пронајден авионот со кој леташе фудбалерот Емилијано Сала од Нант кон Кардиф.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Авионот на Сала беше пронајден под вода.

Откако државните органи ја завршија потрагата семејството на Аргентинецот го ангажираше Дејвид Мернс кој е познат како „ловец на бродови“.

Мернс вчеравечер обелодини дека авионот бил пронајден рано утрото додека се било објавено вечерта.

„Авионот го пронајдовме утринава, а потоа ги известивме властите да започнат со извлекување. Изјави од нив може да очекувате утре наутро. Повеќе не би сакал да зборувам поради почит кон семејствата на исчезнатите“, изјави вчера Мернс.

Откако авионот беше пронајден следуваа и првите коментари од јавноста.

Голем дел од јавноста се прашува како е можно леталото да биде пронајдено само за 48 часа (со новата потрага), а претходно со бродови и авиони да не се најде никаква трага. Исто така се поставува и прашањето зошто се чекаше дури 15 часа за јавноста да биде информирана.

Ќе потсетиме авионот на Сала исчезна на 22-ри јануари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…