Дома Трансфер зона Милан донесе одлука: Бакајоко ќе биде откупен!

Милан донесе одлука: Бакајоко ќе биде откупен!

Тимуе Бакајоко ова лето пристигна во Милан на позајмица од Челзи и во последно време стана еден од најважните играчи во тимот.

Французинот на почетокот имаше проблем да се привикне на италијанската лига, но сега пружа одлични партрии и еден од најдобрите играчи за врска во Серија А.


Финале ЛШ: Реал Мадрид 15-та, или Дортмунд втора!? ↓↓↓


Бакајоко е на позајмица во Милан до крајот на сезоната, но „росонерите“ имаат право да го откупат неговиот договор за 35 милиони евра.

„Газета дело Спорт“ пренесува дека раководството на Милан веќе донело одлука и Французинот сигурно ќе биде откупен на лето.

„На почетокот наидов на потешкотии, но сега се чувствувам како дел од ова семејство. Мојот сон е да останам во Милан, иако знам дека имам договор со Челзи. Ќе направам се за да го убедам раководството да ме откупи“, изјави Бакајоко.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Модриќ со една порака предизвика еуфорија помеѓу навивачите на Реал Мадрид 🎥

Како што изгледа, Лука Модриќ и следната сезона ќе го носи дресот на Реал Мадрид. Хрватски…