Дома Топ вести Нејмар со оваа изјава предизвика „бура“: Сакам да играм во Премиер лигата

Нејмар со оваа изјава предизвика „бура“: Сакам да играм во Премиер лигата

Ѕвездата на Барселона, Нејмар, даде интервју за англиски „Сан“ со кое предизвика вистинска „бура“ на Островот.

Имено, Нејмар откри дека е фасциниран од Премиер лигата и наброи во кои клубови би сакал да игра во иднина.


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


„Англиската лига ме фасцинира. Ми се допаѓа начинот на кој играат екипите, кој знае, можеби еден ден ќе заиграм тука, би сакал да се случи тоа. Ги преферирам Јунајтед, Челзи, Арсенал и Ливерпул, тоа се екипите кои секогаш играат добро. Тука се и тренерите кои се на највисоко ниво како Мурињо и Гвардиола, со нив секој играч би сакал да соработува“, изјави Нејмар.

25-годишниот Бразилец е една од најголемите ѕвезди во светскиот фудбал и во договорот со Барселона има откупна клаузула од 200 милиони евра, па тешко дека во блиска иднина ќе го гледаме во Премиер лигата.

„Во Премиер лигата никогаш не знаете што ќе се случи и кој ќе биде шампион, секогаш се случува некакво изненадување. Погледнете го Лестер, имаа одлична сезона, сега се добри и во Лигата на шампионите, а тоа заслужува почит“, заклучи ѕвездата на Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Дортмунд го налути „кралот“, хет-трик на Винисиус🎥

Реал Мадрид и Борусија Дортмунд приредија вистински спектакл со седум гола и на крајот „кр…